Европската комисија најави казни за Мета и ТикТок: Го отежнуваат пријавувањето на нелегална содржина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска Европската комисија утврди дека ТикТок и Мета ги прекршуваат своите обврски според Законот за дигитални услуги да им обезбедат на истражувачите соодветен пристап до јавни податоци.

Исто така утврди дека Инстаграм и Фејсбук, кои се дел од платформата Мета, ги прекршуваат обврските да им обезбедат на корисниците едноставни механизми за пријавување на нелегална содржина, и не им дозволуваат ефикасно да ги оспоруваат одлуките на модераторите на содржини.

Првите прелиминарни наоди покажаа дека Фејбук, Инстаграм и ТикТок воспоставиле комплицирани процедури и алатки кои им го отежнуваат пристапот до јавни податоци на корисниците, поради тоа често мора да се потпираат на делумни и несигурни податоци.

Според Законот за дигитални услуги, пристапот до податоците од платформите е клучна обврска за транспарентност, бидејќи овозможува јавен увид во потенцијалното влијание на платформите врз нашето физичко и ментално здравје.