Европски фронт против опозициски фронт, ниту едната ниту другата страна нема унифициран став

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Едната страна зборува за обединување на европскиот фронт, другата за обединување на албанскиот опозициски фронт, но во реалноста не се гледа ниту едната ниту другата страна дека се обединети во своите позиции.

Али Ахмети пред неколку дена изјави дека успешно се гради фронтот за Европа и дека ќе успеат да освојат дури 30 мандати.

„Одиме на избори, бидејќи изборите се следната пролет, а потоа ќе мериме, тогаш победникот ќе излезе на виделина. Но, обидувајќи се да им го направите гробот на другите, сами паѓате во него. Колку време работеа, не изморија, не мачеа, од 20 мандати паднавме на 10 мандати, правејќи нè виновни за се, за секое зло адресата беше ДУИ. Но, ние го имавме клучот, паднавме во 10 мандати, но без нас не можеа, но повторно се добивме од 10, 15 мандати. Ќе добиеме и 25 и 30 мандати затоа што се гради фронтот за Европа“, рече Али Ахмети.

Но, на оваа тема, претседателот на АА, Арбен Таравари рече дека таа се злоупотребува од високи функционери на ДУИ бидејќи АА се уште нема донесено цврста одлука за ова прашање.

„Не сакам да се спротивставам. Ја отвори оваа тема господинот Ахмети, но нема одобрение од АА. На крајот треба да ги гледаме интересите на нашата партија, се разбира пред се се интересите на граѓаните, но никогаш никому не сме ветиле. Гледам дека оваа тема ја злоупотребуваат и членовите и функционерите на ДУИ, како оваа работа да е завршена и дека АА ќе оди заедно со ДУИ на следните избори, сакам да демантирам и да се спротивставам. АА нема донесено таква одлука.“, вели Таравари.

Но изгледа дека и опозицискиот фронт не е целосно обединет. Кога Касами, Гаши и Меџити почнаа да се среќаваат, Аријанит Хоџа излезе и се огради од Беса и го изрази своето противење на оваа соработка. Додека огранокот на Алтернатива во Тетово е незадоволен, дури и независниот пратеник Скендер Реџепи Зејди изгледа дека е далеку од оваа соработка.

„Замислете ја сликата на овој опозициски блок, на следниот изборен митинг во Чаир, каде во првиот ред ќе бидат наредени Изет Меџити, Висар Ганиу, Зеќирија Ибрахими, Беким Сали и Кастриот Реџепи. Сите политички актери од 2017 година наваму кои се спротивставија меѓусебно се до обвинувања со затвор , а што ќе кажат овие граѓани во Скопје, во Чаир за тоа кој го уништи Чаир, кој дозволи дивоградби во Чаир, кој го доведе во ваква состојба стариот дел на Скопје?“, изјави Аријанит Хоџа.

Инаку, Изет Меџити од собирот во Гостивар испрати порака до Алијансата за Албанците и Арбен Таравар да се приклучат на опозицискиот фронт, за да се направи, како што рече, големата промена. Но, Таравари во својот одговор нагласи дека е време АА сама да оди на избори.