Европските лидери реагираат на конфронтацијата меѓу Трамп и Зеленски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европските лидери почнаа со реакции по тензичната размена на зборови меѓу Трамп, Венс и Зеленски.

Во објава на X, полскиот премиер и поранешен претседател на Европскиот совет Доналд Туск му се обрати на Зеленски и му рече „драги украински пријатели, вие не сте сами“.

Запрашан за конфронтацијата додека беше во Португалија, францускиот претседател Емануел Макрон за француските медиуми изјави дека Русија е агресорот, а украинскиот народ е тој што е нападнат.

Тој додава дека европските земји и другите сојузници биле во право што и помогнале на Украина пред три години и ја санкционирале Русија и продолжиле да го прават тоа.

Тој додава дека е важно да се „почитуваат“ оние кои од самиот почеток се борат за нивното достоинство, права и безбедност на Европа.

Советникот на рускиот претседател Владимир Путин со еден збор одговори на жестоката дебата меѓу Зеленски и Трамп. „Историски“, напиша Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на Путин, на Х.