Меѓународниот олимписки комитет (МОК), потпиша меморандум за разбирање со компанијата „Фајзер Бионтек“ во рска со донации на вакцини за заштита од коронавирусот Ковид-19, со кои ќе се имунизираат учесници на Олимписките игри ширум светот.
Националниот олимписки комитет во соработка со Владите на земјите, ќе работи на дистрибуција на достапни вакцини и ќе ги одреди приоритетите за процесот на имунизација.
Во соопштението се наведува дека МОК силно ги поддржува сите национални олимписки комитети кои ќе го спроведат процесот на имунизација.