Го загрижува терминот „огнена група“.
„Јас ова нема да го наречам група и во никој случај проблем, едноставно еден вид дебата, неканализирана можеби“, вели Фатмир Дехари.
Членот на раководството на ДУИ, истовремено и градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари, не зазема страна кога станува збор за последните случувања во партијата меѓу т.н. „огнена група“ која изрази незадоволство од работата на министрите интегративци.
„Честопати се случувало не само тројца четворица, понекогаш двајца или тројца, четворица или петмина да имаат различни мислења или незадоволства околу тоа во која насока треба да се движиме“, посочи Фатмир Дехари.
Неговите ставови повеќе наликуваа на ставови на лидер кој се труди да го оправда секој свој сопартиец, бидејќи вината не ја префрли на Муса Џафери, дури и кога на екран беа прикажани сѐ уште неисполнетите ветувања на поранешниот вицепремиер.
„Затоа што правото на градоначалникот е неприкосновено“„Не велам дека овие ветувања ние можеме да ги покриеме… Ние понекогаш го ставаме во незавидна положба и нашиот претседател за она што го рекол за да нѐ одбрани. Доцнењето во реализацијата на овие проекти….“, додаде Фатмир Дехари.
-Адресата за тоа е Али Ахмети?
„Не Али Ахмети, туку одговорните кои се на позиција. Не заборавајте пред една година Муса Џафери не ја поддржа мојата кандидатура во Кичево, а денеска со Муса дискутираме заедно, разговараме“, рече Дехари.
Критики не упати ниту кон вицепремиерот Артан Груби против кого „огнената група“ изрази незадоволство.
-Дали Вие сте задоволни од г.Груби?
„Има работи за кои сум задоволен и секако дека има работи кои чекам да се реализираат. Кога велиме – можеме уште повеќе, секако дека г.Груби може уште повеќе во однос на реализацијата и финализирањето на проекти“, вели Дехари.
Прстот не го впери ниту кон Изет Меџити, кој исто така е дел од „огнената група“.
„Изет ми е пријател 20 години и што и да се случи во пристапот кон политиката, односно од политичко гледиште, човечките односи со Изет Меџити ќе завршат дента кога ќе заминеме на оној свет“, порача Дехари
Не ги штедеше пофалните зборови ниту за функционерите на високи позиции во новото раководство, како и за оние кои не беа избрани.
„Голема почит за госпоѓата Арта, личност од областа на образованието, но еве сега и доста активна и во Собранието. Арбр Адеми од Куманово е комплетна личност, пред сѐ човек. Фатон Ахмети, генерален секретар, доста хуман човек и кој ветува многу за придонес кон општеството и земјава. Другиот потпретседател исто така од тетовско Селце, за кого слободно можам да кажам дека ги застапува и војниците на ОНА (УЧК)“, истакна Фатмир Дехари.
Вели дека е нечовечки да се мешаш меѓу Али Ахмети и Муса Џафери.
„Да се мешаш во односите меѓу двајца пријатели кои дејствуваат заедно над 4 децении, според мене е нечовечки. Не мислам дека станува збор за заладување на односите, туку за различни размислувања“, додаде Фатмир Дехари.
Покрај своите сопартијци, Дехари го пофали и в.д. претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, но во лекарската професија, кој, како што рече заслужува аплауз за работата што ја врши.
