ФДА даде целосно одобрување на вакцината Фајзер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Администрацијата за храна и лекови (ФДА) на САД даде целосно одобрување на вакцината Фајзер за лица на возраст од 16 години и постари.

Ова е прва вакцина против коронавирус одобрена од ФДА и се очекува да ја отвори вратата за повеќе вакцини.

„Јавноста може да биде многу уверена дека оваа вакцина ги исполнува високите стандарди за ефикасност во безбедноста и квалитетот на производството што ФДА ги бара за одобрен производ“, посочи денес комесарката на ФДА, Џенет Вудкок.

Вакцината, исто така, продолжува да биде достапна под одобрение за итна употреба, вклучително и за лица од 12 до 15 години и за администрација на трета доза кај одредени лица со ослабен имунитет.

Вакцината Фајзер/Бионтек е одобрена за итна употреба во САД од средината на месец декември за лица постари од 16 години, додека пак во месец мај овластувањето беше проширено за над 12 години.