Фејсбук ја укинува можноста за „лајкување“ на страници

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Фејсбук ја укинува можноста за „лајкување“ на редизајнирани јавни страници што ги користат уметници, јавни личности и брендови, објави денеска компанијата за социјални медиуми.

Фејсбук страницата ќе прикажува само следбеници и ќе има посветен дел со новости каде што корисниците можат да се приклучуваат на разговори, да комуницираат со истомисленици и да стапат во контакт со обожавателите, објави компанијата во блогот, пренесува Ројерс.

„Отстрануваме лајкови и се фокусираме на следбеници со цел да го поедноставиме начинот на кој луѓето се поврзуваат со своите омилени страници“, соопшти Фејсбук за редизајн.