Фејсбук укинува многу популарна опција

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Социјалната мрежа Фејсбук наскоро ќе исклучи една од функциите што станаа многу корисни за време на пандемијата.

Се работи за опцијата за заедничко гледање на видео снимки, која ќе биде потполно укината од 16 април оваа година. Доколку сакате да ги зачувате своите објави или коментари на некои од претходните заеднички видеа, тоа можете да го направите до 15 април.

Како да ги преземете податоците?

Опцијата „Download your information“ ви овозможува, меѓу останатото, да ги преземате и сите објави во врска со заедничкото гледање, видео снимки и реакции. Информациите за листата на следбеници, посетители и други статистики ќе ви бидат недостапни.

  • Во горниот десен агол, одберете „Settings and Privacy“, па потоа само „Settings“
  • Од левата страна одберете „Your Facebook information“
  • Одберете „View“ и од таму додајте или отстранете категории по желба.
  • Одберете „Create File“ за да го потврдите барањето.

Кога ќе поднесете барање, ќе мора да почекате неколку дена, а потоа можете да ги видите своите податоци во рамки на „Available Copies“ во „Download your information“