Фејсбук услугите во прекин – Твитер полн со реакции и потсмев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сите услуги под покровителство на Фејсбук, вклучително и Месинџер, Ватсап и Инстаграм, паднаа низ целиот свет денеска нешто пред 18 часот, а луѓето веднаш притрчаа на Твитер за да го искажат своето незадоволство и да се шегуваат со ситуацијата.

„Закенберг додека се обидува да ги поправи Whatsapp, Instagram и Facebook кои се урнаа во исто време!

„Фејсбук, Инстаграм, ВатсАп паднаа во моментов, во меѓувреме сите доаѓаат на Твитер за да проверат“.

„Го перев автомобилот и Инстаграм падна“.

„Го обвинувам мојот интернет, и неколку пати го исклучив рутерот мислејќи дека имам проблем со интернет конекцијата“.

„Се расправав со некого на Инстаграм, а потоа серверите паднаа и сега таа личност ќе мисли дека победила во дебатата“.

„Сите ние што го фалиме Твитер откако Фејсбук падна по педесетти пат оваа година“.

„Twitter и Spotify никогаш не ме изневерија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: