Социјалната мрежа Фејсбук објави дека нејзините корисници ќе можат да слушаат подкасти директно на апликацијата Фејсбук во наредните месеци.
Фејсбук ја воведува оваа нова опција во време кога пазарот за различни аудио формати експлодираше за време на пандемијата, од широк спектар на подкасти до платформата Клубхаус.
Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг изјави дека компанијата планира да лансира неколку аудио производи и алатки за пребарување и репродукција на подкасти.
Фејсбук, исто така, ќе додаде алатки за создавање аудио содржина, кратки аудио формати и, пред сè, „аудио-простории во живо“, инспирирани од успехот на Клубхаус, апликација преку која корисниците слушаат и учествуваат во разговор без слика.
