Феноменот со употреба на дрога во Кичево – за 3 месеци, полицијата фатила 20 лица со наркотични средства

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Употребата на наркотици е видно зголемена во Кичево. За 3 месеци во овој град се фатени 20 лица со наркотични средства. Ова го покажуваат статистиките на СВР Охрид.

„На подрачјето на ОВР Кичево во текот на октомври, ноември, декември 2020 година и јануари 2021 година поднесени се вкупно: -19 кривични пријави, против 20 сторители, за извршени 22 кривични дела, од нив 20 КД по член 215 „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и 2 КД по член 216 „овозможување на употреба наркотични дроги“, велат од СВР Охрид.

Корисниците на дрога во Кичево се главно млади луѓе. Социологот Исмет Балажи вели дека ова се случува во време на пандемија бидејќи училиштата се затворени и младите немаат со што да се занимаваат.

„Младите кои исто така се дезориентирани, не можат да го сменат секојдневието кое го поминуваа со друштво на училиште каде по 6,7 или 8 часа поминуваа следејќи настава. Сега да кажеме условно ги немаат тие саати и станува збор за организација на секојдневието, на денот, слободните активности и сите овие фактори им отежнуваат на еден начин и ги предизвикуваат младите за подлегнат на феноменот на употреба на наркотични средства“, вели Исмет Балажи – социолог.

Во Кичево има над 14 казина, а средното училиште е опколено со локали. Социологот Балажи смета дека токму ова е причината зошто младите го одбираат погрешниот пат, бидејќи само што ќе излезат од школо пред очи им се кафе баровите и казината.

„Има само еден среден образовен центар, но од едната страна овој образовен центар е опколен од  со локали а од другата страна е бизнисот кој цвета, казината. Со ова се соочуваат младите од утро до вечер на секој чекор на просторот каде минуваат по 8 часа“, додава Блажи.

Пред неколку дена полицијата фати 61 годишна жена од Швајцарија кај која најде кокаин. Потоа беа запрени уште неколку лица кај кои беше пронајден и конфискуван метадон и други супстанци кои содржат хероин.