Трагичен случај ја потресе македонската држава. Во сообраќајна несреќа трагично згаснаа животите на многу наши сограѓани. Фудбалската федерација на Македонија и целото фудбалско семејство изразуваат длабоко сочувство до семејството и пријателите на лицата кои трагично ги загубија своите животи. Испраќаме молитва за утеха на семејствата на загинатите, а на повредените им посакуваме брзо опоравување, објави ФФМ
Претходно, од „Куќата на фудбалот“ соопштија дека поради големата автобуска несреќа која се случи во раните утрински часови во Бугарија, а во која животот го загубија македонски граѓани, планираните четвртфинални натпревари од Купот на Македонија закажани за 24 ноември 2021 година се пренасочуваат за одигрување на 1 декември 2021 година со почеток во 13 часот.
