Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше дека има доволно респираторни машини.
„Прочитав некои информации за респираторните машини, да појаснам, ние имаме 8 респираторни машини само на Инфективната клиника, има многу повеќе во двете одделенија на Интензивна нега на Клиниката за анестезија, над 20 на Клиниката за неврохирургија. Бројот на респиратори, како бројка, апсолутно не е никаков проблем, дури ни во овој момент“, вели Филипче.
