Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека во текот на следната недела се очекува да пристигнат и останатите количини на вакцини од Србија.
Тој додава дека до крајот на месецот се очекуваат и вакцините од Кина.
„Според последните информации од производителот, поради тамошните празници до крај на месецов треба да пристигнат и кинеските вакцини во земјата“, истакнал Филипче за Сител ТВ.
Согласно планот, се очекува дневно да се вакцинираат помеѓу 2 и 4 илјади.
