Филипче: Државата има капацитет да спроведе попис во време на пандемија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Светска премиера на Cross Turismo: Практичната верзија на Porsche Taycan

Porsche со виртуелна презентација официјално го претстави новиот Taycan Cross Turismo пред јавноста. Производителот на спортски автомобили го проширува...

Над 22 илјади лица евидентирани преку апликацијата за самопопишување

 Вкупно 22.253 лица се евидентирани преку апликацијата за самопопишување. Податокот, како што стои на веб страницата на Државниот завод...

Протоколи за попис – „Не е проблем влегувањето дома, ако се почитуваат мерките“

Директорот на Институтот за јавно здравје воедно и член на Комисијата за заразни болести Шабан Мемети за ТВ21 ги...

Кривична пријава за две лица – во 2018 година ја оштетиле Клиничката болница Битола за 600 илјади денари

Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинтелство Битола, поднесе кривични пријави против З.Л.(67) од Битола, поранешен в.д....

Кривични пријави за две лица од Скопје и Кичево – насилно влегле во домот на 72-годишна жена и ја ограбиле

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Е.А.(25) од Кичево и против М.Д. од Скопје, поради постоење основи на сомнение...

Спроведувањето на пописот во време на пандемија е голем предизвик, но процесот може да се спроведе и заврши по сите здравствени протоколи, рече министерот за здравство д-р Венко Филипче на онлајн конференцијата во организација на „Рома Интеграцион Центрум“.

Филипче посочи дека министерството за здаравство и Комисијата за заразни болести како и за време на одржувањето на изборите, така и сега за спроведување на пописот ќе бидат на располагање за едукација и донесување на протоколи за спорведување на една ваква комплексна операција.

-Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести сме на располагање на сите чинители кои ќе бидат вклучени во процесот на спроведување на пописот. Ќе дадеме свои укажувања, доколку е потребно може да имаме и мини едукација како тоа да биде организирано од институциите кои што ќе го водат тој процес – рече Филипче.

Министерот како пример го посочи спроведувањето на изборниот процес, кој во делот со спроведување на здравствените протоколи помина без ниту една забелешка.

-Се ова ни дава и параво да кажеме и можеме да ве увериме дека процесот со пописот може да се изведе и да се заврши по сите здравствени протоколи. Консензус на ниво на Светската здравствена организација е дека ниту еден процес и постапка не треба да запре, туку треба да се спроведува со протоколи кои се универзално прифатени во сите земји. Во таа смисла сме на располагање и во делот на експертизата, и комуникациски да го поддржиме процесот кој што е пред нас и е од клучно значање за државата – рече Филипче.