Филипче ги отфрла обвинувањата – „Не станува збор за никаква манипулација едноставно ги пратиме насоките од кинеското МНР“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филпче на денешната прес конференција ги отфрли обвинувањата за одредени нерегуларности при набавката на вакцините од Кина.

„Сигурно дека станува збор за компании кои не увериле дека можат да стигнат до вакцините, и ние стигнавме до вакцините, меѓутоа беше пораката од кинеското МНР што го испочитувавме – дека ние треба да пратиме друг пат кој тие ќе ни го сугерираат. И во таа смисла буквално нема ништо сомнително, гледате каква борба е низ светот да се стигне до вакцини“, посочи Филипче.

Тој нагласи дека се следат насоките од кинеското Министерство за надворешни работи.

„За какви провизии ние сме тука обвинети, за какви фантомски фирми кога средствата се вратени. Не станува збор буквално за никаква манипулација едноставно ги пратиме насоките од кинеското МНР“, додаде Филипче.