Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на посебна прес-конференција го најави формирањето на „Фронт за вистина и правда“, кој, како што рече, ќе обедини опозициски партии, граѓански организации, интелектуалци, активисти и млади околу концептот за „Европска Македонија“.
„Денес го објавувам фронтот за вистина и правда кој го сочинуваат опозициски партии, граѓански организации, невладини организации, видни интелектуалци, поединци и независни активисти“, изјави Филипче.
Тој посочи дека членовите на фронтот ќе бидат претставувани постепено, со цел дел од учесниците да бидат заштитени од, како што наведе, „црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ“.
Филипче ги претстави и четирите главни програмски столба на новата иницијатива: нулта толеранција за корупција и европска правда, иднина за младите, подобар животен стандард и поддршка за селото и земјоделците.
