Германската комисија за вакцини „СТИКО“ препорчува луѓето под 60-годишна возраст кои веќе се вакцинирале со првата доза на вакцината на АстраЗенека, втора доза да добијат од некоја од другите вакцини, односно Фајзер/Бионтек и Модерна.
„Додека не бидат достапни соодветните податоци, СТИКО препорачува на лица под 60 години наместо втората доза АстраЗенека, да се даде доза на mRNA-вакцина 12 недели по првата вакцина“, велат од СТИКО.
Во Македонија само една 28 годишна пацентка која ја примила вакцината од АстраЗенека во Србија имала компликации, но моментално е во добра здравствена состојба информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека очекуваат следната недела извештај од Европската агенција за лекови ЕМА по која ќе се донесе став дали ќе се намали возрасната граница за примање на оваа вакцина.
„Чекаме официјален став од европската агенција за лекови ЕМА која што следната недела треба да има и официјален состанок и ќе го почекаме тој став заради тоа што сигурноста на пациентите односно граѓаните ни е на прво место. Многу е веројатно дека ќе се докаже дека апсолутно ризикот да се заболи од тешка форма од Ковид е многу поголема одколку од компликациите што се јавуваат од вакцината“, вели Филипче.
Инаку Германија и Канада објавија дека само луѓе на возраст од 60 години и повеќе да се вакцинираат со АстраЗенека поради ретката, но сериозна појава на тромбоемболиски несакани ефекти. Со овие држави се приклучи и Македонија. Кај нас моментално се вакцинираат лицата над 77 години.
Инаку Институтот за демократија „Социетас Цивилис” направи анкета за вакцините. Педесет проценти од граѓаните изјавиле дека би се вакцинирале, додека 34 отсто од испитаниците одговориле дека не би се вакцинирале. Најголем дел од граѓаните, според анкетата, вкупно 39 отсто ја преферираат вакцината на Фајзер, додека втора по ред е вакцината Спутник В со 21 отсто. Малку преферирани се вакцините Синофарм, која ја преферираат 6 отсто од граѓаните, потоа е Модерна, која ја преферираат 5 проценти од граѓаните, додека најмалку преферирана вакцина е АстраЗенека, за која се определиле само 3 отсто од граѓаните.
