Филипче: На 14 мај ќе стигнат 38.400 вакцини од „Астра Зенека“, обезбедени преку Ковакс механизмот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку КОВАКС механизмот и ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот „Астра Зенека“, објави попладнево министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил .

Вакцини, посочува министерот, ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период.

-Апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk , напиша Филипче.