Филипче: Немаме потреба да нарачуваме вакцини од српски „Торлак“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Имаме обезбедено вакцини, немаме потреба од српски „Торлак“, рече во изјава за медиумите Министерот за здравство Венко Филипче.

Српскиот Институт „Торлак“, кој почна со производство на вакцината „спутник В“, е единствената фармацевтска фабрика во регионот што има можности за стерилно производство, објасни Филипче, кој додаде дека имал состанок со директорката на Институтот, на кој било посочено дека приоритет ќе бидат граѓаните во Србија, но дека има можноста за соработка и со земјите од регионот.

„Нам во овој момент не ни треба ниту една нарачка повеќе затоа што, според планот како што е димензиониран, имаме обезбедено 2,6 милиони вакцини.“, посочи Филипче.

Тој најави дека на 28 април се очекува и најголемата пратка вакцини досега од 200 илјади кинески вакцини, а повтори и дека до крајот на месецот ќе стигнат и 20 илјади дози од компанијата „Фајзер“. За денеска Филипче закажал и состанок со градоначалниците на повеќе градови, каде што се планира масовна вакцинација, во Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово.