Филипче објасни каква е ситуацијата со болниците кои имаат пациенти со коронавирус

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот Венко Филипче објасни каква е најновата ситуација со болниците кои имаат пациенти позитивни на коронавирус.

„На Инфективната клиника примени се 11 нови пациенти, и сега таму се вкупно 84, нема пациенти на респиратор. Во болницата 8-ми Септември примени се 22 нови, вкупно 57 пациенти, од кои 35 се потврдени како позитивни случаи. Таму на респиратор се 10 пациенти.

Во болницата во Битола има 20 пациенти, Штип хоспитализирано 24 пациенти, и во другите одделенија во Велес, Куманово, Охрид има вкупно 36 примени сомнителни или позитивни случаи“, рече Филипче.

Министерот објасни дека во моментов е полн капацитетот само на болницата во Битола, и дека пациентите ќе се транспортираат во Охрид каде што има место.