Сега кога министерот Венко Филипче вели дека епидимиолошката ситуација е стабилна, го прашавме дали смета дека администрацијата треба да се врати на работа?
Еве што одговори Филипче во „10МИНУТИ“ на ТВ21.
„Сега е епидимиолошката ситуација е таква да има мал број на нови случаи, но не значи дека не треба да бидеме внимателни. Гледаме што се случува во другие земји дека имаат еден силен бран во овој момент. Ова е доказ дека политиката која ја имавме димензионирање на мерките, даде резултат“, рече Филипче и додаде:
„Имајќи предвид дека не сакаме да се влоши ситуацијата со тоа што ќе ни се намали вниманието или ќе го спуштиме гардот во однос на мерките. Засега остануваме на истите. Сигурно Комисијата ќе прави анализи, или ќе даде нови препораки, или ќе останеме на истите“, рече Филипче.
