Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека ова исполнување на болниците го предвиделе уште на почетокот.
„Ова беше нешто што на самиот почетокот на кризата, предвидовме дека ќе се случи и само за илустрација за тоа како и зошто, и што направивме, тоа е дополнителниот капацитет на монтажната болница која ја додадовме пред Инфективната болница“, истакна министерот Филипче.
