Филипче: Повторно рекорден број аплицирани дози во еден ден

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил посочува дека повторно имаме рекорден број аплицирани вакцини во еден ден/

„Желбата на граѓаните за вакцинација многу охрабрува. За да му се вратиме на секојдневието кое сите го посакуваме треба колективен имунитет, а тоа значи што поголем број од населението да се вакцинира. Ве повикувам сите кои се уште се двоумите вакцините се безбедни и ефикасни и спречуваат тешка форма на болеста. #ВакцинирајСе без закажан термин“, истакнува Филипче.