Министерот за здравство преку неговиот Фејсбук профил извести дека во земјава пристигнале дополнителни над 12.000 дози од вакцините на Фајзер и апелираше до граѓаните да се пријавуваат на страната за вакцинација.
„Дополнителни 12.870 дози од производителот Фајзер обезбедени преку директните преговори со производителот и преку ЕУ која ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe) пристигнаа денеска.
Овие вакцини се наменети за вакцинација на сите граѓани пријавени преку веб платформата vakcinacija.mk. Апелирам сите кои досега се немаат пријавено да го сторат тоа што поскоро. 👉 www.vakcinacija.mk“, напиша Филипче на Фејсбук.
