Техничката влада е воведена поради злоупотребите на институциите токму во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку години, а сега истото се случува, поради тоа не поддржуваме укинување на Техничка влада.
Лидерот на СДСМ уште еднаш го повтори ставот и смета дека е оправдана одлуката да не присуствува на лидерската средба.
Како што вели тој, на Мицкоски му се брза да распише предвремени избори, па поради тоа сака да ја укине техничката влада.
Според Филипче, кога ќе се донесат но и почнат да се применуваат реформските закони, тогаш како држава ќе бидеме подготвени да организираме избори без техничка влада.
„И кога ќе бидат донесени сите реформски закони, онака како што треба, според препораките на Оценската мисија, на луѓе експерти од ЕУ, кога сите тие реформи и закони, не само што ќе се донесат туку и ќе почнат да се користат, ќе видат вистински имплементирани, во судството, во обвинителството, во полицијата, во делот на правдата, ете тоа е моментот кога ние како држава ќе бидеме спремни да се укине Техничката влада. И тоа е клучно, затоа СДСМ ќе ги поддржи само реформите коишто оваа земја ја носат на ниво на европските стандарди. ВМРО и ДУИ нека договараат што сакаат, нивната соработка на сите нас ни е многу добро позната“, изјави Венко Филипче,претседател на СДСМ.
