Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција истакна дека состојбата на пациентката на која и беше трансплантирано срце од мртов донор е стабилна и оти сите параметри се добри.
„Сите параметри кои произлегуваат од анализите направени заклучно со денес, се добри и сите се во фаза на подобрување. така што очекувам дека денес може постепено да се ослободува од респираторната машина“, изјави Филипче.
Во неделата беше извршена третата трансплантација на срце во земјава. Операцијата траеше пет часа, а донираното срце беше трансплантирано кај 39-годишна пациентка.
