Филипче: Состојбата со доктор Јота е стабилна во моментов

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот „Фејсбук“ профил ја соопшти состојбата со дигестивниот хирург, доктор Ѓорѓи Јота. Тој напомена дека состојбата е стабилна, и е уверен дека доктор Јота ќе се избори и закрепне од повредата, која е многу сериозна.

„Состојбата на колегата Ѓорѓи Јота кој беше силно удрен од автомобил е стабилна во моментов. Попладнево бев на увид и поразговарав со докторите кои будно ја следат неговата состојба. Верувам дека ќе се избори и ќе закрепне иако повредата е многу сериозна.“, рече Филипче.

Доктор Јота беше удрен од џип „Бе-Ем-Ве“, управувано од 16-годишник во близина на Клинички центар.

Состојбата на колегата Ѓорѓи Јота кој беше силно удрен од автомобил е стабилна во моментов. Попладнево бев на увид и…

Posted by Венко Филипче on Friday, February 26, 2021