Министерот за здравство Венко Филипче денеска, при отворањето на модуларната болница во Кичево, истакна дека вчера пристигнал лекот „Ивермектин“ и истиот е достапен низ аптеките.
Тој додава дека овој лек е ефикасен за ковид-19 и треба да се зема само со препорака на матичен лекар.
Инаку, модуларната болница е опремена со 48 кревети, а следува и втората фаза на изградба на новата болница во Кичево.