Филипче: Вчера се вакцинирале 10.065 граѓани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно се аплицирани 431.174 дози вакцини, а ревакцинирани се 177.020 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 10.065 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.450 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 447.543 граѓани, објави попладнево на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.