Филипче: Вчера вакциниравме рекорден број граѓани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, на својот „Фејсбук“ објави дека вчера биле вакцинирани рекорден број на граѓани, односно преку 17.500 лица. Заедно со теренската вакцинација, тече и редовната вакцинација, како и вакцинацијата без закажување на термин.

Филипче напоменува дека оваа бројка мора да се задржи, за да се постигне висок имунитет до крајот на летото.

„Вчера вакциниравме рекорден број граѓани во еден ден односно преку 17.500 лица. Системот функционира беспрекорно, а капацитетите се повеќе од доволни. Бројката од околу 5000 граѓани кои дневно се вакцинираат со прва доза мора да ја задржиме што подолго како би постигнале висок имунитет до крајот на летото. Вакцините се безбедни, ефикасни и најважно од се штитат од лош развој на болеста, хоспитализација и смрт. Епидемијата секаде во светот во моментот се шири кај невакцинираните, додека оној многу мал процент вакциниран кои се инфицираат со вирусот го поминуваат асимптоматски или со лесни симптоми. Вакцинацијата е единствен начин да се заштитиме и да се вратиме целосно во нормала, нешто што сите го посакуваме. #ВакцинираСе без закажан термин!“, напиша Филипче.