Филипче: Засега нема скратување на полицискиот час

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција посочи дека засега нема стриктна препорака до Владата за скратување на полицискиот час.

Тој додаде дека не е исклучена можноста во периодот што следува да се разговара и за полицискиот час со оглед на тоа што се препорачува постепено олабавување на мерките и повеќе компании ќе почнат да се враќаат на работа,

„Полицискиот час беше еден од факторите за да ја намалиме трансмисијата на вирусот заради тоа што кога има асполутно мирување, кога има полициски час, најдобро се спроведува контролата. Значи во овој момент не размислувавме за скратување на полицискиот час, но може да се наметне потребата во периодот којшто доаѓа посебно заради тоа што економските оператори постепено ќе се враќаат во функција. Ја пратиме состојбата и соодветно ќе предложиме до Владата, но засега не се размислува“, истакна Филипче.

? [ВО ЖИВО] Прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче

? [ВО ЖИВО] Прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче

Gepostet von TV21 am Dienstag, 12. Mai 2020