Аналитичарот Љубомир Филиповиќ во специјалното дебатно издание „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека не е тајна оти актуелната администрација на САД доста и помагала на позициите на Србија во овој регион.
Тој додава дека кандидатот на демократите, Џо Бајден директно ги критикувал пристапот на сегашната администрација кон решавање на проблемот со Косово.
„Оваа администрација и помогна на Србија во регионот, ја зајакна нејзината позиција, Србија после долго време е доминантен регионален играч и мислам дека Бајден критично би ја променил политиката кон овој регион“, посочува Филиповиќ.
