Приказна за двајца другари кои патувајќи низ Америка кон Њујорк, на повеќе локации сценираат различни комични ситуации, сместена во час и половина.
Интересниот момент во овој филм е тоа што е снимен со скриени камери, а лудориите кои ги прават главните ликови во филмот ги доведуваат случајните минувачи или луѓето кои случајно биле на местото каде се снимала одредена сцена, да имаат интересни, дури и апсурдно смешни реакции.
Во главните улоги се актерите Ерик Андре, Михаела Конлин и Лил Рел Ховери.
