Филмска потера – уапсени 2 лица, фатени додека превезувале мигранти од Кина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Потера како во филм! Пукање, полициски сирени и бројни граѓани собрани од љубопитност.

Возилото заврши надвор од автопатот на излезот од Визбегово.

„Синоќа беа уапсени две лица откако беа фатени како транспортираат 8 мигранти од Кина. Едниот од нив се обиде да побегне, поради што полицијата испукала предупредувачки истрели“, вели репортерката на ТВ21, Фазиле Халили.

Инсерти од денес, автопатот.

Се уапсени двајца државјани на Косово – Г.Л. (24 години) и Б.Л. (18 години). Од МВР велат дека при обидот за бегство, осомничените предизвикале штета на повеќе места долж автопатот.

„За време на потерата од полициските патроли, возачот го оштети наплатниот пункт во Градско, а во Катланово удри во движење во возило „Опел Инсигниа“ со странски регистарски таблички, и предизвика штета и на мотоцикл со македонски таблички. Потоа ја оштети и рампата на наплатната станица во Петровец. Продолжи да се движи, но кај клучката кон Приштина, на Скопската обиколница, го изгуби контролата и возилото излета од патот. Потоа физички нападна полициски службеник во обид да побегне, но беше совладан и приведен“, велат од МВР.

Од МВР дополнуваат дека за време на обидот да го запрат возилото, полицијата испукала предупредувачки куршуми, но за среќа – никој не бил повреден. Двајцата уапсени се пренесени во полициска станица, додека мигрантите се сместени во транзитен центар.