Финалето на ЕУРО 2020 на „Вембли“, ќе се гледа и на „Олимпико“ во Рим

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Финалето на ЕУРО 2020 во кое ќе игра Италија против Англија на 11 јули на „Вембли“ во Лондон, ќе се гледа и на „Олимпико“ во Рим. Ова го иницирала градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи.

Предлогот е доставен до Италијанскиот олимписки комитет, а Раџи наведе дека финалето би се гледало со сите протоколи.

Стадионот би примил ограничен број на гледачи кои ќе треба да бидат вакцинирани против Ковид-19. Финалето би се гледало на големи екрани поставени на теренот.

Во Рим се играа четири натпревари на ова ЕУРО 2020.