Ребаланс на Буџетот ќе има прецизираше владата но кога тој ќе се случи зависи од повеќе фактори . Според најавите на првите луѓе од економскиот тим ќе следи откако ќе се направат калкулациите за расходната страна на сите институции. Ова синоќа во ЕУ-Клик уште еднаш го потврди вицепремиерот за економски прашања- Фатмир Битиќи
Се очекуваше ребалансот на Буџетот велат економистите. Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини укажува на акутната потреба Владата со време да разгледа каде најпрво треба да се дејствува.
Хајредини позитивно ги оценува напорите на владата да помогне на најзагрозените слоеви на населението во услови на пандемија. Сепак предупредува дека ова не е време за фалби туку за работа на дело.
Поранешниот министер за финансии предупредува дека ситуацијата во економскиот сектор е драматична и тоа кај сите категории и задача на владата и ресорните министерства е подобрување на општата економска ситуација. Сега не е време за припишување на лични успеси советува Хајредини.
