Finance Think: Ребалансот очекуван, но донесен со значајно задоцнување

НАШ ПРЕДЛОГ

Расчистени 15-тина тешки кражби – приведен крадец од Тетово

Приведен крадец од Тетово, расчистени 15-тина тешки кражби Полициски службеници од Секторот за внатрешни...

Почна седницата на Советот за безбедност – ќе расправа за состојбата со Ковид-19

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе...

Тајван 200 дена без локална трансмисија на Ковид-19 – властите благодарни што граѓаните постојано носат маска

Во Тајван не се пријавени домашни случаи на пренесување на коронавирусот веќе 200 дена, а владата укажува...

Ребалансот на Буџетот што Владата го усвои на 15-ти овој месец за „Finance Think“ е очекуван, но донесен со значајно задоцнување, во контекст на потребата тој да ја демонстрира посветеноста на Владата кон кратење на сите неподуктивни трошења и трошења што изгубија приоритет во контекст на кризната состојба.

Во објавениот коментар денеска „Finance Think“ истакнува дека ревидираната проекција за пад на економијата од 3,4 отсто е коректна и во линија со предвидувањето на „Finance Think“ од 11 април 2020. Сепак, сметат дека оваа стапка е со понатамошни надолни ризици, што негативно може да се рефлектира и врз приходната страна на буџетот во третиот и четвртиот квартал, што може да предизвика потреба од втор ребаланс.

Finance Think посочува дека падот на даночните приходи е резултат на намалената економска активност, но оти истовремено, ризикот од пораст на даночната евазија е нагласен. Оттука, според нив, неопходно е во следниот период фокусот да се стави врз засилена контрола и санкционирање на
даночната евазија.

За буџетскиот дефицит сметаат дека е очекуван и е директен резултат на негативните последици врз економијата од појавата на Ковид-19. – Тоа наметнува и потреба за изготвување оптимален план за негово финансирање во тековната година, но и редизајнирање на планот за среднорочно финансирање на јавниот долг. Неминовно, задоволувањето на оваа голема потреба од финансирање ќе ја наметне и потребата да се дискутира за ревидирање на даночни стапки по стивнувањето на првиот удар на кризата, наведуваат оттаму.

За расходите наменети за Ковид-19, сметаат дека се коректно димензионирани, кратењето на вкупните расходи е недоволно, а приоритизацијата во намалувањето на трошењата во зависност од нивното развојно значење не е рефлектирана во ребалансот на буџетот. Напротив, очигледниот напор да не се скратат ставки на тековни трошења, од кои дел се сметаат за непродуктивни, може да се толкува како предизборен.

Посочуваат дека имајќи ја предвид кризната состојба, кратењето на непродуктивните трошоци треба да биде радикално и одлучно, не само за да осигура фискален простор за финансирање на мерките сврзани со Ковид-19, туку и да испрати јасен сигнал кон економските агенти дека државата води посветена и конзистентна фискална политика во услови на криза.

Од „Finance Think“ во коментарот наведуваат дека за очекување е дека поради воведените рестриктивни мерки и новонастанатата кризна состојба, активностите за реализација на дел од капиталните расходи ќе забават.

Почна седницата на Советот за безбедност – ќе расправа за состојбата со Ковид-19

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба...

879 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (28/29.10.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице,...

Задолжителна самоизолација до добивање резултат од ковид тест

Самоизолацијата е задолжителна при тестирање за Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па се до добивање на резултатот.

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. ...

Средба Битиќи-Дукс: Економската соработка се развива во позитивна насока, да се искористат унгарските искуства за пристапувањето кон ЕУ

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес оствари...