Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи го презентираше шестиот пакет на економски мерки.
Се работи за пакет мерки вредни 17.8 милиони евра и содржи таргетирана финансиска помош за околу 10.000 компании и околу 60 илјади вработени.
„На сите угостителски објекти ќе им бидат покриени 30% од приходите, износ кој ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход за претходните години. Сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка за секое едно вработено лице. Со оваа мерка ќе бидат поддржани околу 6 илјади угостителски објекти кои вработуваат приближно 17 илјади луѓе“, посочи Битиќи.
Проценетата вредност на оваа мерка е 9,9 милиони евра
