Приведени шест лица, се истражуваат злоупотреби со јавни набавки во Прилепската болница тешки 800.000 евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Управата за финансиска полиција, по наредби и насоки на Основното јавно обвинителство Прилеп, денеска спроведува акција во прилепската Општа болница поради наводи за злоупотреби во работењето. Според првичните информации, истрагата опфаќа повеќе лица, вклучително и поранешната директорка и други раководни лица, а се сомнева на злоупотреби со јавни набавки во вредност од околу 800.000 евра, дознава ТВ21.

Шест лица се приведени во полициска станица.

Од Обвинителството потврдија дека се преземаат дејствија во врска со постапката, но најавија повеќе детали во текот на утрешниот ден.

Според неофицијалните информации, истрагата е насочена кон сомневања за злоупотреби при спроведување на тендери и други финансиски неправилности во работењето на болницата, а под лупа се над 30 лица.

Акцијата на Финансиската полиција е во тек, а се очекуваат повеќе информации за опфатот на истрагата и можните кривични дела откако ќе завршат тековните дејствија.