Финска ја погоди ураган, првпат во историјата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На западот на Финска, за прв пат во историјата ветерот достигна ураганска сила, поради што од саботата 17.000 куќи останаа без струја.

Во Раума, на југозападот на земјата, просечната брзина на ветерот во петокот навечер достигна 33,5 метри во секунда, во Пори – до 30,3 m/s, пренесува финскиот јавен сервис.

Ветерот со просечна брзина од најмалку 33 m/s се смета за ураган во Финска. Ова е првпат вистински ураган да биде забележан во Финска, изјави метеорологот Мати Хутонен.

„Вакви показатели никогаш не биле забележани во историјата на набљудување, во таа смисла тие се навистина ретки“, рече дежурниот метеоролог во Метеоролошкиот институт Туомо Бергман.

Според него, во петокот вечерта околу 40.000 домови биле отсечени на запад и југ на Финска, а утринава 17.000 домаќинства останале без струја.