Словачкиот премиер Роберт Фицо го отфрли предлогот на германскиот канцелар Федерик Мерц, Украина да добие асоциран статус во Европска Унија без право на глас, додека продолжуваат преговорите за полноправно членство.
Фицо изјави дека во моментов не постои политичка клима во ЕУ за ваков тип аранжмани.
„Или ќе прифатиме некого, или нема“, изјави словачкиот премиер, додавајќи дека Унијата треба да се фокусира и на другите кандидатки како Црна Гора, Албанија и Србија.
Предлогот на Мерц предвидува Украина да добие можност да учествува на самитите на ЕУ, да назначува претставници во европските институции и да има пристап до делови од буџетот на Унијата пред целосното членство, но без право на глас.
Германскиот канцелар оцени дека процесот на пристапување на Украина најверојатно ќе трае со години поради политичките и процедурните пречки во рамките на ЕУ.
„Она што го замислувам е политичко решение што веднаш значително ќе ја приближи Украина до Европската унија и нејзините клучни институции“, напишал Мерц во писмо испратено до претседателката на Европската комисија Ursula von der Leyen и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.
И покрај предлогот за асоциран статус, Мерц повторил дека ја поддржува Украина да стане полноправна членка на Европската унија во иднина.
