Доцна синоќа во Скопје, Аријанит Џафери, син на екс-функционерот на ДУИ, Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“ , физички го нападнал претседателот на Регулаторната комисија за енергетика.
ТВ21 се обиде да стапи во контакт со Аријанит, но од неговата компанија ни рекоа дека ќе испратат одговор во врска со случајот. Меѓутоа, до ова информативно издание не добивме никаков повратна информација.
Молк и од Марко Бислимовски. Неговата портпаролка вели дека е во добра здравствена состојба. Случајот го потврди и МВР, од каде велат дека напаѓачот го признал делото и дека против него е покрената кривична пријава.
„Веднаш по пријавувањето на настанот, преземени се соодветни мерки за расчистување, односно изготвено е писмено известување до ОЈО Скопје, извршени се разговори со сведоци на настанот, обезбедена е видео снимка, извршен е разговор со пријавениот А.Џ., кој во целост го призна делото, и по консултација со јавен обвинител ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилство по член 386 од Кривичен законик“, велат од МВР.
Очевидците велат дека Џафери седнал на масата на која бил Бислимовски во еден ресторан во Скопје, а само неколку минути подоцна дошло до физичката пресметка.
