Веќе седум години живеат во Македонија, но денеска повеќе од кога и да било чувствуваат носталгија за Украина и потреба да ѝ помогнат на земјата од која потекнуваат.
Раскажувајќи за ужасот низ кој минуваат Украинците од 24 февруари, велат дека се чувствуваат немоќни. Хуманитарната помош што ја собираат е најмалку што можат да направат, велат тие, бидејќи како што додаваат, најтешко им е на Украинците кои се борат за нивната земја.
Во надеж дека војната ќе заврши што поскоро, уверуваат дека ќе помагаат сѐ додека е потребно. Украинското здружение „Леска Украинка“ брои 200 членови и веќе втор ден е во акција за собирање хуманитарна помош.