Многу прав се крена за вчерашниот второлигашки фудбалски натпревар помеѓу Кожуф Гевгелија и Башкими од Куманово.
Гостите го добија со контроверзен гол во последните мигови, и славеа важен триумф во битката за пласман во Првата лига.
По овој меч се огласија и од ФФМ, од каде најавија санкции за овој сомнителен натпревар.
Се огласија и од Башкими, од каде велат дека натпреварот е чист и нема ништо спорно.
„Нашиот клуб со највисока одговорност ги известува сите дека како и секој натпревар, вклучително и овој против Кожуф, беше чист и со голема заслуга освоивме три бода, во нашата борба за пласман во Првата лига“, стои меѓудругото во соопштението од Башкими.
