И фудбалскиот клуб Кожуф од Гевгелија се огласи по повод спорниот натпревар против Башки во 28. коло во Втората лига. Башкими го доби натпреварот со 1-2, но спорен е вториот гол на гостите, откако се гледа чудното однесување на домашните играчи, додека Башкими постигнува погодок.
Од Кожуф, исто како и од Башкими, ги отфрлија сите обвинувања.
„Во рамките на 28-коло од ВМФЛ НА градскиот стадион во Гевгелија се одигра натпреварот помеѓу Фк Кожуф и Фк Башкими кој заврши со резултат 1:2.
По завршувањето на натпреварот во јавноста имаше силни реакции во однос на залагањето на дел од играчите од нашиот тим. Во овој момент ги отфрламе обвинувањата кон Фк Кожуф и играчите. Доколку истрагата од надлежните органи утврди нерегуларности на овој натпревар виновниците нека бидат најстрого казнети“, стои во соопштението на ФК Кожуф.
