Фудбалскиот клуб Вардар ја извести јавноста дека е стартувано со одблокирањето на сметката на клубот, која е блокирана веќе осум години.
„АД ФК Вардар – Скопје ја известува заинтересираната јавност дека стартуваше со одблокирање на сметката на клубот која беше блокирана од сите претходни раководства во последните 8 години“, велат од Вардар.
Како што информираа од клубот, стартуваат два договори, приложена 120% гаранција за исплата на долгот кон УЈП на 36 рати и исплаѓање на долгот кон АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на 10 рати.
