Фон дер Лајен добила тешка пневмонија, ги откажала сите активности

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, мораше да ги откаже сите активности во следните денови поради тешка пневмонија, соопштија од кабинетот.

Порпаролот Стефан де Керсмекер изјави дека распоредот на претседателката на ЕК е „исчистен“.

Фон дер Лајен ги откажа патувањата во Варшава и во Лисабон.

„Се бори со тешка пневмонија“, рече Де Керсмекер.