Фон дер Лајен: Европа мора да ја зголеми конкурентноста и да инвестира во енергија и иновации

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека Европа мора да премине од зборови на дела за целосно да го искористи својот потенцијал и да ја зголеми конкурентноста.

Зборувајќи на Самитот за конкурентност во Копенхаген, таа ги истакна клучните области на дејствување: декарбонизација, иновации, енергетска независност и одбрана.

Комисијата го започна Договорот за чиста индустрија и средства за стартапи и проширување на бизнисот на иновативни компании, а воедно предложи и фонд за конкурентност од 400 милијарди евра во рамките на долгорочниот буџет на ЕУ.