Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен при добредојде на Зеленски рече дека вонредните времиња бараат вонредни мерки и му се заблагодари на Кошта за свикувањето на овој специјален самит на ЕУ. – Ова е пресвртница за Европа, а Украина е дел од тоа семејство – изјави Фон дер Лајен. Таа додаде дека Европа мора да ја стави Украина во позиција во која таа земја може да се заштити и да инсистира на траен и праведен мир.
